boroНа овој линк се планинарските тури, во вид на понуди, кои ги одбравме само за Вас! Понудите се поделени во пет категории. Поделбите се базирани врз тежинската структура на турите, перодот на изведување, должината и времетраењето на истите. Понудите се професионално одбирани и истите се според планинарските стандарди. Со овие понуди на секој од Вас му се нуди можноста да ги доживее убавините и почуствува благодетите на Шар Планина.
Лесните понуди претставуваат планинарски тури кои се одвиваат на различен планински терен и надморска височина. Вкупното времетраење е до 5 часа, а висинската разлика е 800 м.
Средните понуди
се планинарски тури кои се одвиваат на различен планински терен и надморска височина. Вкупното времетраење им е до 8 часа и висинската разлика е 1200м.
Тешките понуди претставуваат планинарски тури кои се одвиваат на различен планинински терен и наморска височина. Вкупното времетраење е над 10 часа, а висинската разлика е 1600м.
Зимските понуди се планинарски тури кои се одвиваат на снежен терен и на различна надморска височина. Затоа што се работи за движење во специфични услови  и специфичен терен, овие тури се ограничени. Времетраењето и висинската разлика е посебна карактеристика за секоја тура. Во овие понуди вклучено е и движење со дрезги (snow-shoes).
Специјалните понуди претставуваат комбинација на повеќедневни планинарски тури во кои е вклчено преноќување во шатор со дополнителни планински активности.

Цените на аранжманите се наведени на крајот од секоја понуда.
Во цените не е вклучен персоналниот данок и трошоците за транспорт за водачот.
Во понудите каде стои џип-транспорт, значи дека до наведената почетна точка за стартување на турата потребен е транспорт со џип.
Спрема желбите и афинитетите на клиентите можни се и комбинации на горенаведените понуди.